Внатрешноста на изложбениот простор го отсликува амбиентот на градска куќа во Македонија во почетокот на 20-от век. Целта е да се долови атмосферата на градскиот живот во Македонија во периодот кога Мајка Тереза се уште живеела во Скопје. За таа цел галеријата е збогатена со мебел автентичен за тој период.








