Експонати

Самата поставка започнува со фотографии од старо Скопје од почетокот на дваесетиот век. Мешавината на култури се проткајува низ секоја нишка на секојдневието и е најдобро илустрирана преку изложениот мебел како и кујунџиските изработки. Целта на изложбата  е да го следиме животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното детство поминато во родното Скопје, па се до нејзината смрт и беатификација. Поставката располага со широк спектар на фотографии кои што на најдобар начин ја отсликуваат хуманитарната работа на Мајка Тереза и сестрите од нејзината конгрегација.

Она со што се гордее нашиот музеј се бројните документи чии авторизирани копии се подарок од Центарот на Мајка Тереза во Тихуана, Мексико. Спомен куќата на Мајка Тереза е едниственото место во светот каде овие документи се дел од постојана поставка на еден  музеј. Меѓу нив би ги издвоиле нејзината крштеница издадена од црквата Пресвето срце Исусово во 1928 година, сарито на Мајка Тереза, рачно напишаниот молитвеник, бројаницата и распетието, како и дел од наградите кои Мајка Тереза ги има добиено во текот на својот живот.

  • 01
  • 02
  • 03