Детството во Скопје

Агнеса Гонџа Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година во Скопје, Македонија во фамилијата на Никола и Драна Бојаџиу како најмала од три деца. Нејзиниот татко бил познат трговец и член на Градскиот Совет на Скопје како единствен католик. Куќата на фамилијата Бојаџиу била отворена за сите, особено за сиромашните на кои несебично им помагале. На 27 август 1910 е крстена  во католичката црква “ Пресвето срце Исусово”, датум кој го зема за нејзин роденден. На пет и пол годишна возраст ја прима првата причест. Во 1919 година Никола Бојаџиу починува по што семејството запаѓа во финансиска криза. Утеха и мир младата Гонџа наоѓа во молитвите.

Писмата на  мисионерите од Индија кои се читале помеѓу младите католици, оставиле толку силен впечаток врз младата Гонџа, така што на дванаесет годишна возраст и се јавува силна потреба да му служи на Бога.

  • 01
  • 02
  • 03
  • 04
  • 05