Посети во Скопје

1970 Мај
Прва посета на Скопје. За време на нејзиниот краток престој во Скопје таа се среќава со бискупот Хербут и го посетува Црвениот Крст на Македонија.

1978 27 Март
Втора посета на Скопје која предизвикува голем медиумски интерес затоа што веќе била позната низ целиот свет. Во нејзина чест е одржана миса во Католичката црква.

1980 27 Јуни
Трета посета на Скопје. Ја пречекува градоначалникот Методи Антов кој и упатува честитки по повод добивањето на Нобеловата награда и ја прогласува за почесен граѓанин на Скопје.

1986 19 Септември
Нејзината последна посета на Скопје. Се среќава со Бискупот Хербут и обезбедува седиште на мисијата во Кисела Вода.

  • 01
  • 02
  • 03
  • 04