Во 1951 година поради својата хуманитарна работа Мајка Тереза е почестена со индиско државјанство.
Првата хоспиција-дом за неизлечиво болни Nirmal Hriday( Пречисто срце) е отворена во 1952 година на 22 август за време на празникот Безгрешно срце Богородичино. Овој празник е воедно и празник на самиот ред.
Од 1953 год. започнува и со отворање клиники кои им нудат медицинска помош на сиромашните. Истата година се сели и во нова куќа, т.н. Motherhouse која е седиште на редот и до ден денес.
Во мај 1959 год. ја отвара својата прва мисија надвор од Калкута, во Ранчи.
Во текот на својот живот таа многупати ќе патува надвор од Индија со цел промоција на нејзината хуманитарна мисија пред очите на светот.
Првото нејзино вакво патување е во октомври 1960 год. во Лас Вегас, САД каде ќе присуствува на конференцијата на Националниот Совет на жени католици.
Во текот на својот живот добива повеќе од 700 награди, првата од нив е Padma Shri Award која и е доделена од страна на претседателот на Индија во 1962 година.
Како дел од проширувањето на активностите на мисијата на 25 март 1963 година започнува со работа и машкиот ред на Браќа на милосрдие. По катастрофалниот земјотрес во родното Скопје во јули 1963 година, таа од Индија упатува апел до светот за солидарност.
Со зголемувањето на бројот на кандидати и донации во 60-те години на минатиот век редот има отворено сиропиталишта, хоспиции и куќи за болните од лепра низ цела Индија.Следната замисла на Мајка Тереза е проширување на мисијата и надвор од границите на Индија и отворање на куќи и во останатите земји низ целиот свет.Со таа цел на 1 февруари 1965 година, Папата Павле VI издава декрет со кој редот на Мисионери на милосрдие станува Интернационална религиозна фамилија, директно под папска јурисдикција (Institute of pontifical right directly under the authority of the Holy See)- receives pontifical recognition. Првата ваква мисија е отворена на 26 јули во Венецуела.
Нејзината работа е почитувана од страна на Папата Павле VI, кој во 1971 година и ја доделува наградата за мир “ Папа Јован XXIII”.
Редот секоја година го зголемува својот број на членови, така што до прославата на сребрениот јубилеј во 1975 година, брои преку 1000 сестри во 85 фондации во 15 земји низ светот.
Нејзината хуманитарна работа е признаена низ целиот свет, што резултира со врачување на Нобеловата награда за мир во 1979 година.








