Во вторник на 03.04.2012, Спомен куќата на Мајка Тереза ја посетија унгарскиот министер за надворешни работи г. Јанош Мартоњи и претседателот на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Јозефина Топали. Тие беа импресионирани како во Спомен куќата се негува духовното наследство кое Мајка Тереза го остави на човештвото.
Новости
Посета на Јанош Мартоњи и Јозефина Топали
Во вторник на 03.04.2012, Спомен куќата на Мајка Тереза ја посетија унгарскиот министер за надворешни работи г. Јанош Мартоњи и претседателот на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Јозефина Топали. Тие беа импресионирани како во Спомен куќата се негува духовното наследство кое Мајка Тереза го остави на човештвото.
Посета на Карлос Слим
Во недела на 01.04.2012 година, Спомен куќата на Мајка Тереза ја посети најбогатиот човек на светот, филантроп и најпознат мексикански бизнисмен, г. Карлос Слим. Истиот изјави дека тој дознал дека Мајка Тереза е родена во Скопје кога дошол во Македонија и најави дека повторно ќе ја посети земјата на Александар Македонски и најхуманата личност на светот Мајка Тереза.
Прес конференција (25/08/2011)
Премиера на претставата „Светица на темнината“ напишана од Венко Андоновски
Во петокот на 28.01.2011 година во просториите на Младинскиот културен центар беше одржана премиерата на претставата „Светица на темнината“ по текстот на писателот Венко Андоновски, во режија на Нина Николиќ.
Во претставата земаа учество еминентните актери Сабина Ајрула Тозија, Ѓорѓи Јолевски, Амернис Нокшиќи-Јовановска, Емил Рубен и Дејан Лилиќ.
“Драмскиот текст ги претставува само најважните точки од биографијата на познатата светица од Скопје и Калкута, Мајка Тереза или Гонџа Бојаџиу. Станува збор за хагиографија, а не за биографија...“ – Венко Андоновски
Продуцент: Рената Зофија Кутера-Здравковска
Извршна продукција: Павле Игновски, Русе Арсов
Асистент на режија: Христина Димитрова
Костим: Мери Георгиевска
Композитор: Александар Пејовски
Сценографија: Борис Минов
Дизајн на светло: Игор Георгиев
Глас: Мартин Јордановски
Прес конференција (26/01/2011)
Вo среда 26-ти јануари 2011 година, во 11 часот, во просториите на НУ Спомен-куќа на Мајка Тереза, се одржи прес-конференција по повод премиерната изведба на театарската претстава „Светица на темнината“, која беше изведена во петок (28.1.2011 година) во 19 часот во Младинскиот културен центар.
Лист 1 од 5








