Во петок (25.06.2010 година) по повод 30 годишнината од прогласувањето на Мајка Тереза за почесен граѓанин на град Скопје, во 12 часот во просториите на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ ќе биде одржана прес-конференција на која новинарите ќе бидат информирани за резултатите од истражувањето во Архивот на редот на Исусовци во Загреб, Хрватска.
Истражувањето во архивот на редот на Исусовци беше реализирано од страна на кустос Марина Спирова на почетокт на месец јуни.
На прес-конференцијата ќе биде прикажан избор од најзначајните документи кои беа откриени во архивот. Презентацијата ќе биде збогатена со проекција на документарниот филм од посетата на Мајка Тереза во Скопје, изработен од страна на Вардар филм. Исто така новинарите ќе бидат информирани и за тековните случувања во Спомен куќата како-репортажите на CNN и полскиот неделен весник, како и прелиминарните преговори за соработка со други музеи во Европа и во светот.
Воедно во 21 часот на просторот на амфитеатарот на Спомен Куќа на Мајка Тереза ќе биде прикажан документарниот филм “Нешто убаво за Господ” од Малколм Магериџ, во продукција на ББЦ.








