На 9 мај 2008 година премиерот Никола Груевски со поставување камен-темелник го означи почетокот на изградбата на спомен-куќата. Поставувањето на камен-темелникот го освети скопскиот бискуп д-р Киро Стојанов, кој по тој повод одржа и пригодна беседа. Чинот го проследија претставници од Владата, Архиепископот г.г. Стефан, претставници од локалната самоуправа, граѓани и почитувачи на ликот и делот на Мајка Тереза.








