Отворање

На 31 јануари 2009 година пред повеќе стотици граѓани свечено беше промовирана Спомен-куќата на Мајка Тереза. За овој настан специјално беше донесена реликвија од Мајка Тереза.

Многу почитувачи на нејзиното дело, високи функционери, нејзиниот духовен водач, потоа дипломатскиот кор, високи државници, како и гости од Ватикан присуствуваа на чествувањето. На присутните им се обратија премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска . Настанот беше збогатен со настапот на хорот „Света Злата Мегленска“ и на маестро Борис Трајанов.